АЛЕКСАНДРА НАКЕЛСКИ

АЛЕКСАНДРА НАКЕЛСКИ

ноември 1, 2018
во Категорија: cinedays2018, Жири на Официјална Селекција
1873 0
АЛЕКСАНДРА НАКЕЛСКИ

Александра, во текот на изминативе дваесет години, целосно е посветена на академијата и филмската индустрија. Бидејќи има работено како соработник за хорор списанието „Фангорија“, има уредувано програми за филмски фестивали во Америка и Европа и има држено предавања за научно-фантастичен филм, нејзиното разнообразно искуство има придонесено сега да има својот филмски фестивал, Манифесто филм фестивал, и да привршува со докторските студии на Универзитетот во Амстердам. Нејзината страст за поп културата потекнува од тоа како еден артефакт го претставува духот на неговото време, што резултирало да заврши филмски студии на Универзитетот Чепмен во Калифорнија, фокусирани на милениумски постмодерни римејкови, нејзиниот фестивал да се занимава со социјално-политички теми во филмовите и нејзиниот докторат да ги испитува Поволните апокалиптични тенденции во филмовите снимени по настаните од 11 септември.