АЛЕКСАНДАР ПЕЈОВСКИ

АЛЕКСАНДАР ПЕЈОВСКИ

АЛЕКСАНДАР ПЕЈОВСКИ

Александар Пејовски е наградуван музички композитор од Скопје, Македонија. Неговите дела се изведувани на меѓународно ниво. Компонира симфониска, камерна, хорска, електронска музика, како и музика за џез-оркестар, музика за телевизија, филм и театар.

Пејовски дипломира музичка теорија и педагогија на Факултетот за Музичка уметност во 2004 година. Учи хармонски основи на џезот и аранжирање кај Илија Пејовски и класична композиција кај проф. Томислав Зографски.

Награди: „Гвадалкивир“ за симфониски оркестар, трета награда на националниот натпревар за откуп на музички дела; „Глад во мишја рупа“ за флејта, кларинет, пијано, две виолини и виола, втора награда на националниот натпревар за откуп на музички дела; „Младиот Оливие во прошетка низ улица ФИРОМ“ за пијано, прва награда на националниот натпревар за откуп на музички дела; „Арвоторум заум во осум сцени“ за гудачки оркестар, втора награда на националниот натпревар за откуп на музички дела; „Делфинови солзи во ветрот – големиот бран“ за симфониски оркестар, прва награда на националниот натпревар за откуп на музички дела, „Оо ПАа ИХА – временски калеидоскоп“, „Панче Пешев“ – годишна награда за најдобра композиција од македонски композитор изведена во 2012 година; „Луѓе“, прва награда за оригинална композиција и аранжман, Барга Џез Фестивал 2004 година.