ЗЏМ колектив со Гудачки оркестар

ZJM collective with Strings


Уште еден специјален проект од „Здружението на џез музичари на Македонија“.

На програмата се дела на македонските композитори и изведувачи, кои се членови на оркестарот на ЗЏМ.

Ова е посебен настан каде што ќе може да уживате во прекрасните композиции напишани и аранжирани за овој концерт. Звукот на оркестарот составен од 23 врвни македонски музички уметници ќе ја потврди нивната посветеност во креирањето и создавањето нови музички дела достојни за настап на ова издание на CINEDAYS, познат како филмски фестивал со најдобра музичка програма.

Овој настан претставува вистинско освежување на македонската сцена поради квалитетот на композициите и квалитетот на уметниците што ќе настапат, зад кои стојат бројни концерти, награди и признанија.

24 септември, Парк МКЦ, затворање на 19-тото издание на фестивалот на европски филм – CINEDAYS.

МКЦ ПАРК