ТИЛВА РОШ

TILVA ROSH

TILVA ROŠ

Режија:Nikola Lezaic
Продуцент:Nikola Lezaic, Mina Djukic, Uros Tomic
Сценарио:Nikola Lezaic
Кинематографер:Milos Jacimovic
Монтажер:Nikola Lezaic
Улоги:Marko Todorovic, Stefan Djordjevic, Dunja Kovacevic, Marko Milenkovic, Nenad Ivanovic, Nenad Stanisavljevic, Filip Maksimovic, Milos Petrovic, Nenad Miladinovic, Vlatko Ristov
Продукција:2010, Србија
Јазик:Српски
CINEDAYS ретро99 мин. (18+)

Бор, Србија, некогаш најголемиот рудник за бакар, сега само најголема дупка во Европа. Се случуваат мали работнички протести. Тода и Стефан се најдобри другари, скејтери, кои го поминуваат првото лето по завршувањето на средното училиште. Стефан наесен ќе оди на факултет во Белград. Тода вели дека не би се запишал на факултет дури и да има пари. Времето го поминуваат во снимање видеа во стилот на „Џекес“ и дружење со Дуња, која се враќа од одмор во Франција, и полека започнуваат тивка борба за нејзиното внимание. Во тој необичен однос на пријателство во изумирање и ривалство, постојано се обидуваат да се надминат. Но кога малиот работнички протест прераснува во огромен бунт, нивната деструктивност ќе ги врзе повторно.

КИНО МАЏАРИ