WRANGLER & KANTON 6

WRANGLER & KANTON 6

ноември 18, 2016
во Категорија: 18.11. (петок), cinEmusic
2026 9
WRANGLER & KANTON 6

WRANGLER & KANTON 6

18. 11. | 23:00 | сала 25 Мај

Наједноставно речено, Wrangler е новиот бенд на Stephen Mallinder, попознат како креативната половина на еден од најрелевантните и секако најквалитетни авангардни електронски бендови на сите времиња, неповторливите Cabaret Voltaire. Не е потребно да си голем познавач на музиката и културата во последниве декади, за да знаеш дека покрај Kraftwerk и Throbbing Gristle, Cabaret Voltaire се основоположници на формата и звукот чиј успех експлодираше во сите електронски насоки во модерниот свет. Покрај Mallinder и неговиот cool as fuck вокал, во Wrangler членуваат и Phil Winter и Benge, а заедно успеваат да звучат ретро и модерно во исто време, задржувајќи го звукот на ивица и сосем во согласност со потребите на едуцираната публика. Нивниот лајв е потполно аналоген и не штеди од купчето машини кои ги носат наоколу. Не се пропушта.

Kanton6 е херметичка ројалистичка организација, која делува во правец на воспоставување на монархја во Македонија. Императив е возобновување на кралската лоза на Македон, преку воспоставување на монарх во Скопје, со цел обединување на сите Македонци и враќање на териториите на земјата од 125.000 години пред нашата ера, кога цел свет беше населен од Македонци кои дојдоа од планетата Македон. Синиша Евтимов и Мирко Попов се андроиди во служба на монархијата, кои служат да го затскријат вистинскиот идентитет на членовите на Kanton6, кои ги демне опасност од владата во сенка, илуминатите, американците и секако масоните. Масоните се особено гадни. Музиката на Kanton6 е вештачка, како впрочем и тие самите. Но вештачка е и потребата од република, кога парламентарна монархија е правиот пат.

*влез: 150 денари