Одлука на жирито на Официјална селекција

Одлука на жирито на Официјална селекција

декември 5, 2016
во Категорија: cinedays2016, Вести
2127 13
Одлука на жирито на Официјална селекција

Најдобар филм

Наградата за најдобар филм ја добива „Влажност“ во режија на Никола Љуца, затоа што со оригинален филмски јазик успева да ја разобличи современата брачна заедница, прикажувајќи ги апсурдот и хопокризијата со кои се соочени денешните генерации, во обидите да ги оддржат традиционалната форма и вредности.

 

Најдобра режија

Наградата за најдобра режија ја добива филмот „Убијци на тркала“ во режија на Атила Тил, затоа што преку жанровски обоена фикција ја одсликува социјалната реалност на една маргинализирана група, нурнувајќи длабоко во мотивите, фрустациите, немоќта и надежите на хендикепираните лица.

 

Најдобро сценарио

Наградата за најдобро сценарио ја добива филмот „Тони Ердман“ по сценарио и режија на Марен Аде, поради сугестивниот и силен, а воедно и духовит приказ на современото општество во кое таканаречените лажни вредности ја гушат секоја човечност, заканувајќи се да го разорат она што е суштинско и темелно – семејството.