„Добра сопруга“ на Мирјана Карановиќ гостува на CINEDAYS

„Добра сопруга“ на Мирјана Карановиќ гостува на CINEDAYS

ноември 4, 2016
во Категорија: cinedays2016, Вести
1888 9
„Добра сопруга“ на Мирјана Карановиќ гостува на CINEDAYS

„Добра сопруга“ е прво нејзино дело во кое таа е сѐ – од актерка, сценарист до режисер. Дебитантскиот филм на актерката Мирјана Карановиќ, е приказна поврзана со соочување, осознавање, етика и морал.

Карановиќ по премиерата на филмот на фестивалот Санденс изјави дека „овој филм е еден вид нејзина исповед“ во врска со проблемот што го смета за многу важен за земјата од каде потекнува.

Карановиќ е познат активист за заштита и почитување на човековите права, особено на балканските простори каде последиците од воените конфликти врз обичните луѓе се се уште видливи. Овој нејзин филм е токму гласна порака дека злосторството не смее да остане премолчено.

„Добра сопруга “ веќе освои неколку награди на познати светски филмски фестивали, меѓу кои и наградата FIPRESCI на Мотовунскиот филмски фестивал како и Златна Арена на пулскиот филмски фестивал.

Овој филм ќе се натпреварува и во категоријата „CineBalkan“, а дел од екипата, меѓу кои и главниот актер Борис Исаковиќ ќе се дружат со нас во Скопје.