Четири од петте номинирани филмови за Европски оскар на Cinedays

Четири од петте номинирани филмови за Европски оскар на Cinedays

ноември 8, 2016
во Категорија: cinedays2016, Вести
2112 9
Четири од петте номинирани филмови за Европски оскар на Cinedays

Европската филмска академија неделава ги објави номинациите во вкупно 21 категорија, a четири филмови во трката за награди за таканаречениот „европски оскар“ имаат свои премиери пред скопската публика на годинешниот Cinedays.

Хулиета“ на Педро Алмодовар, германскиот „Тони Ердман“ на режисерката Марен Аде, холандскиот „Таа“ во режија на Пол Верхоевен и британскиот „Јас, Даниел Блејк“ на Кен Лоах се влезени во трка за Европската филмска награда за 2016 година.

Покрај овие четири филмови, конкуренција за таканаречениот „европски оскар“ е и ирскиот филм „Соба“ на Лени Абрамсон.

Инаку, за најмногу номинации се избори филмот „Тони Ердман“ и тоа за најдобар филм, режија, сценарио, најдобра музика и најдобра женска и најдобра машка улога. Повеќе номинации имаат и „Јас, Даниел Блејк“, кој се натпреварува во четири категории, а „Хулиета“ на Алмодовар и „Таа“ на Верховен се номинирани во три категории.

Наградите ќе бидат доделени на 10 декември, на специјална церемонија, која годинава се одржува во полскиот град Вроцлав, кој е европски град на културата за 2016-та година, а вие на Cinedays веќе можете да си го одберете вашиот фаворит. Ѕирнете во програмата за да не пропуштите ниту едно од овие најдобри филмски остварувања за годинава во Европа.

Се гледаме во кино!