БЕРНД БУДЕР - селектор на филмовите од Официјална селекција и селекцијата СинеБалкан

БЕРНД БУДЕР – селектор на филмовите од Официјална селекција и селекцијата СинеБалкан

октомври 31, 2016
во Категорија: инфо
1512 0
БЕРНД БУДЕР – селектор на филмовите од Официјална селекција и селекцијата СинеБалкан

2015 година. Треба да зборуваме. Филмовите треба да зборуваат. За состојбата на човештвото, за општеството, за историјата. За личните искуства, за надежта и за траумите. За светот што е во хаос, за илјадниците луѓе што ги напуштаат своите домови – за еден свет што е поделен на различни планети, дури и кога станува збор за луѓе што се соседи и живеат на иста улица или пак за луѓе чии патишта се споиле. Треба да зборуваме за љубопитноста кон „другите“, кон различните искуства, кон различните животни концепти, различните мечти, инспирации. Филмот зборува на овие теми, го насочува вниманието кон надежта, мечтаењето, разочарувањата, судбината на нашите соседи создава љубопитност – говори за скриените тајни што ја подриваат нашата меѓусебна доверба. Копа длабоко, ги објаснува тие тајни, најчесто од нечија лична перспектива: програмата на овогодинешниот „Cinedays “ не е за големата криза, туку за малите светови во коишто обично живееме и ги делиме со ликови како Коза, намќорестиот словачки боксер со големо срце, со дружината од малтешкиот рибарски брод „Симшар“, којашто мора да се бори со силата на природата, со еден брачен пар од „Далеку одовде“, кој се обидува да ја преживее зимата на Алпите, потоа со една млада девојка во „Светот е мој“, којашто очајно го бара своето место во општеството и е во потрага по сопствен живот. Филмовите пренесуваат повеќе различни гледања на животот, а ние сакаме да уживаме во таа различност, и најпосле, да станеме уште пољубопитни за неа. Уживајте во различноста и во нејзините две сродни души: емпатијата и вашиот личен поглед – трите заедно се одлично орудие за човек да преживее, а филмот е совршеното средство за дискусија на тие теми.